Во францускиот Парламент e формирана нова пратеничка група составена од актуелни и поранешни членови на владејачката партија „Република во движење“ (ЛРЕМ), со што партијата на претседателот Емануел Макрон го изгуби апсолутното мнозинство во Парламентот.
Новата група од 17 пратеници е со има Екологија, демократија, солидарност и денеска официјално ќе поднесе документ за формирање во Парламентот. Групата ќе дејствува независно, нема да биде дел од владејачкото мнозинство ниту од опозицијата.
ЛРЕМ загуби седум свои пратеници, а со тоа и апсолутното мнозинство во Парламентот. За апсолутно мнозинство во Парламентот потребни се 289 пратеници, а партијата на Макрон сега ќе има 288.
Новата парламентарна група наведува дека нејзина амбиција е да биде „општествена и еколошка промена“.
Одговор на итната еколошка ситуација, модернизација на демократијата, намалување на општествената и територијалната нееднаквост – се наведува во приоритетите на групата.