Италијанскиот Сенат во средата го одобри донесувањето на антимигрантската уредба, што е прва фаза пред конечното изгласување, со кое Италија ги затвора границите. Припадниците на екстремната левица излегоа на протест по улиците на Рим, против ваквите одлуки кои ги прогласија за расистички, како и против новиот закон за мигранти.
Демонстрантите протестираа против уредбата за безбедност од мигранти за која се залага министерот за внатрешни работи, Матео Салвини.
Левичарските демонстранти , кои дојдоа од педесетина градови од цела Италија, меѓу кои и активисти на радикалната левица, протестираа за правата на мигрантите и против расистичката уредба на десничарската влада .
На протестите имаше и голем број мигранти, кои се најдоа на удар на владата на Италија .