Четириесет и четири припадници на екстремистичката терористичка група Боко Харам починале во затвор во Чад, откако најверојатно биле отруени со непозната супстанца.
Како што соопшти јавниот обвинител на Чад, отруените припадници на Боко Харам биле дел од групата од 58 уапсени мажи за време на неодамнешната армиска операција против оваа исламистичка група во близина на езерото Чад.
Истрагата за смртта на исламистите е почната откако четири аутопсии покажале дека смртта кај затворениците е предизвикана од некаква смртоносна супстанца.
Од обвинителството на оваа африканска држава додаваат дека првично биле затруени 45 лица, но едно од нив во меѓувреме заздравело и е вратено во затвор.