Моќнаta експлозија на амонијак што се случи на пристаништето во Бејрут, во која загинаа 158 лица, остави зад себе кратер длабок 43 метри, соопштија официјалните лица.
Експлозијата, која се случи на 4 август, а се почувствува и во Кипар, ја регистрираа сензорите на американскиот институт за геолошки истражувања / USGS / како земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала.
„Експлозијата во пристаништето создаде кратер длабок 43 метри“, рече либанскиот службеник за безбедност за агенцијата АПФ, повикувајќи се на изјавите на француските експерти на лице место.
Француските екипи за спасување и полицијата се само дел од голем меѓународен контингент на експерти, кои дојдоа во Либан за да им помогнат на локалните власти по експлозијата.
Екипи од Катар, Русија и Германија пристигнаа во Бејрут.
Експлозијата била предизвикана од пожар во магацин во пристаништето каде со години се чувало големо количество на амонијак, кое се користи како ѓубриво или како експлозив, потсетува АФП.
Најмалку 6.000 луѓе се повредени во експлозијата, а повеќе од 300.000 лица останаа без своите домови.
Демонстрантите, исто така, повикаа на нови протести во центарот на градот Бејрут , откако повеќе од 700 луѓе беа повредени во судирите со полицијата вчера. Демонстрантите упаднаа во неколку министерства пред војската да интервенира и да ги истера.