Во Хаг дојде до експлозија поради која се урна преден дел од една зграда, јави Ројтерс повикувајќи се на локалните медиуми.
Холандската телевизија RTL news пренесува дека експлозијата е од непознато потекло и довела до уривање на куќи и дека постои можност луѓе да се затрупани под урнатините.
Локалниот новински сервис Omrup наведува дека по експлозијата урната е само една зграда и дека на лице место се екипи на итната помош, полицијата и пожарникари.