Најмалку девет лица се повредени во експлозија што се случи во супермаркет во јужниот дел на Австрија. После експлозијата во супермаркетот „Сент Јодок ам Бренер“, кој се наоѓа меѓу Инсбрук и италијанската граница, избувнал пожар.
Локална спасувачка служба соопшти дека никој од повредените не е во животна опасност. Се уште не се знае причината за инцидентот.