Се поголем е бројот на болници во Европа кои се борат со десетици илјади пациенти заразени од корона вирус, а кризата покажа изненадувачки парадокс – кај европските држави, кои имаат најдобри здравствени системи и болници, дека не се во состојба да се носат со пандемијата на корона вирус.
Епидемиолозите тврдат дека причината за тоа е организацијата на здравствениот систем во кој централно место заземаат болниците, недостатокот на епидемиолошки искуства и неселективно сместување на пациентите во болниците, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Асошиејтед прес.
Минатата седмица од СЗО укажаа на недостатоците на европскиот пристап кон пандемијата и истакнаа дека било потребно агресивно делување два месеци претходно и дека е потребно спроведување на обемни тестирања и подобри мерки на надзор.
Многу експерти тврдат дека пристапот на европските земји во борбата против вирусот во почетокот бил опуштен и како му недостасувала примена на основите на епидемиологијата, како што е следење на контактите, односно следење на луѓето со кои заразените имале контакт како би се надгледувало ширењето на вирусот.
Освен ова, здравствените работници во Европа имаат малку искуство со рационализација и нудењето здравствена нега, бидејќи европските болници генерално се многу добро опремени и тоа сега се покажало како проблем.
-Борбата против епидемијата не се води во болниците, нивна задача е санирање на последиците од епидемијата, тврдат експертите.