Свет 17. јуни 2019. / 19:21

Екс претседателот на Египет почина среде судење

Екс претседателот на Египет почина среде судење

Денеска во судница во Каиро почина поранешниот претседастел на Египет, Мохамед Морси.

67 – годишниот Морси почина во судница, откако му се слошило. Тој се онесвестил за време на судскиот процес против него. Морси беше на чело на Египет нешто повеќе од една година, меѓу јуни 2012 и јули 2013.

Со државен удар беше симнат од власт на 3 јули 2013 година , на што му претходеа масовни протести. Против Морси беше во тек судски процес за корупција и злоупотреба на власта.