Свет 18. април 2020. / 08:00

Економска помош поради кризата: Секој Јапонец ќе добие по 854 евра

Економска помош поради кризата: Секој Јапонец ќе добие по 854 евра

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе најави дека секој граѓанин на земјата ќе добие еднократна парична помош од 854 евра, без оглед на нивната имотна состојба.

Како што објасни Абе, ваквата одлука е дел од мерките за заживување на економијата, која е во опаѓање поради пандемијата на корона вирусот.

Се проценува дека државните каса ова ќе ја чини повеќе од 12.000 милијарди јени (1 евро се разменува за 117,01 јени).