Евроспката комисија денеска призна дека на држави членки на ЕУ им доставила 1,5 милиони заштитни маски за кои се потврдиле сомневањата дека се неквалитетни. Портпарол на ЕК изјави таквите сомневања биле изразени од Полска и потврдени од Холандија.
Европкста комисија ги информирала земјите членки на ЕУ за опасноста и остава тие да проценат дали ќе ги користат маските или, пак, ќе ги уништат. Комисијата потврди дека повеќе нема да купува маски од нелиценцирани кинески проиизводители и ќе процени дали ќе преземе правни дејства.
Според портпаролот, набавката на маските ги следела сите процедури, како и проверка на производителот и на сертификатите на производот. Тој потврди дека квалитетот на маските требало да се провери при доставата како што, впрочем, направиле и полските власти.