Свет 21. јануари 2019. / 20:30

ЕК: Полека со купувањето бугарски пасоши

ЕК: Полека со купувањето бугарски пасоши

Европската комисија ќе испрати официјално предупредување до земјите членки дека програмите во некои држави на ЕУ кои дозволуваат богати странци да добиваат државјанство, можат да го зголемат ризикот од корупција, затајување данок и перење пари.

Предупредувањата се содржани во извештајот што го подготви Комисијата, а ќе биде објавен в среда, пренесе „Ројтерс“ која имала увид во извештајот.

Малта, Кипар и Бугарија се единствените држави од 28-те земји членки на Унијата, кои имаат програми за доделување државјанства.

Во извештајот се наведува дека сите три држави биле неуспешни во проверката на потеклото на имотот на поединци кои по овој основ добиле нивно државјанство и во нивната брза идентификација.

Извештајот на ЕК прецизира дека дури во 20 држави на ЕУ може да се купи дозвола за престој.