Европската Комисија потврди дека нема отворање на нови преговори за веќе договорената спогодба за излегување на Британија од Европската Унија. Меѓутоа ЕК не ја исклучуваат преговори околу политичката декларација која ја содржи идната соработка меѓу двете страни.
Портпаролот на Комисијата Маргаритис Шинас, изјави дека околу „Брегзит“ не може повторно да се преговара.
Секогаш сме подготвени да разговараме, но спогодбата околу напуштањето на Европската унија не е отворен за преговори, соопшти тој.
Нешто порано главниот преговарач Михаел Барниер рече дека е подготвен да разговара околу идните односи на двете страни. Тоа меѓутоа треба да зависи од тоа дали Британија ќе ги напушти своите позиции односно црвените линии преку кои ќе мора да помине.
Доколку Обединетоте кралство одлучи да ги промени своите позиции околу трговската размена, Европската унија е подготвена да даде позитивен одговор, изјави Барниер.
Вчера во Парламентот во Лондон беше отфрлен предлогот за Брегзит на Тереза Меј со 432 гласа против.