Свет 16. април 2020. / 14:57

Едвард Сноуден бара да остане во Русија

Едвард Сноуден бара да остане во Русија

Поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност на САД, Едвард Сноуден, по кого американските власти издадоа потерница за шпионажа и оддавање државни тајни, поднел барање за продолжување на дозволата за престој во Русија за уште три години.

– Да, аплициравме за продолжување на дозволата за престој уште три години. Се надеваме дека одлуката ќе биде позитивна – изјави неговиот адвокат Анатолиј Кучерена за „ТАСС“.

Адвокатпт додаде дека во моментов не се разгледува прашањето за Сноуден да добие руско државјанство.