Свет 18. мај 2018. / 14:14

Едно лице приведено по вооружен инцидент во Голф клубот на Трамп (ДПЛ)

Едно лице приведено по вооружен инцидент во Голф клубот на Трамп (ДПЛ)

Властите во Јужна Флорида сооопштија дека е уапсен маж, кој пукал врз полицијата во лобито на Голф клубот на американскиот претседател Доналд Трамп во Дорал, Мајами.

Во престрелката повреден е еден полицаец.

Името на напаѓачот не е објавено.

Претходно, полицијата во Дорал на Твитер објави дека во инцидентот никој не настрадал

Трамп имот го купи во 2012 година за 150 милиони долари.