По ураганот Берил над 20.000 луѓе во Порторико се без струја.
Ураганот донесе силен дожд и ветрови.
Најпогоден е источниот дел на земјата, а врнежите ќе продолжат и во следните 12 часа.
Има излеани реки и блокирани патишта поради паднати дрвја.
Засега нема податоци за повредени.