Свет 03. август 2020. / 12:16

Еден загинат во пожар во руска електрана на Арктикот

Еден загинат во пожар во руска електрана на Арктикот

Едно лице загинало во руската електрана Норилск Никел на Арктикот, откако избил пожар поради краток спој.

Огнот зафатил површина од шест метри квадратни и е изгаснат.

Електраната беше во фокусот на светската јавност откако на 29 мај дојде до излевање на 21.000 тони нафта.

Компанијата Норникел, која е еден од сопственивците на термоелектраната, е најголем светски производител на паладиуми и хром.