Свет 01. октомври 2019. / 20:09

Еден загинат и над 200 повредени во протестите во Багдад

Еден загинат и над 200 повредени во протестите во Багдад

Едно лице загина, а 200 се повредени во судирите на антивладините демонстранти и безбедносни сили во главниот град на Ирак, Багдад, соопштија ирачките власти.

Билансот беше објавен во заедничката изјава на ирачките министерства за внатрешни работи и за здравство, по неколку часови протести што ги собраа демонстрантите на главниот плоштад Тахрир. Полицијата употреби боева муниција, гумени куршуми и солзавец за да ги растера.

Во соопштението се вели дека меѓу 200 се повредени, а 40 се припадници на безбедносните сили.

Повеќе од илјада Ирачани протестираа денеска во центарот на Багдад за да бараат работа и функционални јавни служби.