Свет 20. мај 2020. / 21:00

Еден отсто од смртните случаи од Ковид-19 во Франција се случиле дома

Еден отсто од смртните случаи од Ковид-19 во Франција се случиле дома

Смртни случаи во домашни услови претставуваат еден отсто од вкупно починатите од новиот коронавирус во Франција, според првичните проценк, објавени денеска од јавната здравствена агенција „Санте публик Франс“, која ќе даде конечна проценка до јуни.

-Според нашите првични сознанија, смртните случаи дома претставуваат еден отсто од смртните случаи на Ковид, но премногу е рано да се даде конечна проценка. Таа ќе биде објавен пред крајот на јуни, рече Женевиев Шен, директорка на јавното здравство на Франција, во интервју за „Ле Паризиен“.

Според француските здравствени власти од почетокот на епидемијата на 1 амрт во Франција вкупно починале досега 28 022 лица.

Јавното здравство на Франција, исто така, ја завршува истрага за 14.000 лица со серолошки тестови, со кои се овозможува откривање на антитела на вирусот во крвта, објавува директорката.

-Овие бројки ќе бидат објавени наскоро, така што ќе имаме фотографија, според возрасната група и регион, на бројот на заболени лица“, рече таа.