Тајландски спасувач загина синоќа во текот на операцијата за спасување на 12 деца и нивниот тренер кои веќе 13 дена се заробени во пештера во Тајланд.
Поранешниот припадник на воената елитна тајландска единица СЕАЛ, Саман Кунан (38) кој бил дел од спасувачкиот тим во пештерата Там Луанг, загинал вчера вечерта откако влегол во пештерата за да однесе резерви на кислород.
„Условите во пештерата се многу тешки. Откако го оставил резервоарот со кислород, на враќање изгубил свест. Неговиот колега се обидел да му даде прва помош, но не успеал да го спаси“, рекол командирот на СЕАЛ, Апакорн Јуконгкаев. „Нема да дозволиме неговата жртва да биде залудна. Ќе продолжиме понатаму“, рекол Апакорн.