Сер Ричард Бренсон, еден од најбогатите луѓе во Велика Британија најави дека ќе го заложи својот приватен карипски остров со цел да ја убеди британската Влада да ја спаси неговата авиокомпанија „Вирџин Атлантик“.
Бренсон, во отворено писмо до вработените во авиокомпанијата, напиша дека не и понудил на британската Влада подарок, туку понуда за комерцијално позајмување.
Опстанокот на авиокомпанијата на Бренсон е под знак прашалник, а неговиот остров Некер на Карибите би можел да биде ставен под хипотека.
Новата понуда од Бренсон уследи откако Владата на Велика Британија одбила да ја помогне авиокомпанијата „Вирџин Атлантик“ со 500 милиони фунти.
Понудата на Бренсон беше мета на многу критики поради тоа што бара пари од даночни обврзници, наместо да ги искористи сопствените пари за спасување на авиокомпанијата.
Бренсон според своето богатство е на седмо место во Велика Британија, со проценети 4,7 милијарди фунти, а живее на Островот Некер, даночен рај на Британските Девствени Острови.