Свет 22. ноември 2020. / 11:01

Џулијани: На добар пат сме да докажеме изборна измама пред Врховниот Суд на САД

Џулијани: На добар пат сме да докажеме изборна измама пред Врховниот Суд на САД

Откако Бајден беше прогласен за победник пред две недели, Трамп покрена тужби против неколку земји – клучни за претседателските избори во САД во обид да го промени резултатот и почна силна кампања за да се спречат државите да ги потврдат изборните резултати.

Тимот на Трамп вчера се обиде да го запре процесот за потврдување на резултатите во Пенсилванија, тврдејќи дека има неправилности со гласачките ливчиња испратени по пошта, а Бран одговори дека „тој нема овластување да лиши некого од правото на глас, а најмалку тоа да им го направи на милиони граѓани“.

Досега, оваа стратегија можеби навидум изгледа погрешна и тужбите и обвинувањата на Трамп се бесмислени и не вродуваат со плод, но тоа е само доколку се игнорира последната фаза која кампањата на Трамп ја очекува – Врховниот Суд на САД.

Мнозинство во судот имаат конзервативните судии, кои се поблиски до Републиканската партија и доколку Џулијани и правниот тим презентираат цврст случај, тие би можеле лесно да пресудат во полза на Доналд Трамп.

Руди Џулијани во своето соопштение во име на кампањата на Трамп напиша:

– Денешната одлука беше од помош на нашата стратегија за што побрзо да стигнеме до Врховниот суд на САД. Иако потполно не се сложуваме со ова мислење, благодарни сме на судијата назначен од Обама за носење на оваа очекувана одлука брзо, наместо едноставно да пробува да потроши време.

Ќе побараме забрзана жалба до Третото ниво. Постојат толку голем број на докази дека во Пенсилванија, Демократите ја ускратија нашата можност да прикажеме 50 сведоци и други докази дека официјалните лица на изборите бесрамно ги игнорираа законите на Пенсилванија преку одбивање на независен увид. Ова резултираше 682,777 гласачки ливчиња да бидат поднесени нелегално, сакајќи или несакајќи. Ова претставува само продолжение на цензурата од Големите медиуми, технолошки гиганти и корумпирани демократи на фактите кои јавноста треба да ги знае. 

Разочарани сме што во најмала рака не ја добивме ниту можноста да ги претставиме нашите докази на сослушувањето. За жал, цензурата продолжува. Се надеваме дека и Третиот округ ќе биде милостив како и овој судија во носење на одлуката што побрзо, на еден или на друг начин. Ова е уште еден случај кој се чини дека се движи се побрзо кон Врховниот Суд на САД.