Сорос е човек кој се соочува со секојдневни напади за својот активизам и неговата либерална визија на светот, пишува Financial Times. Тој во доцните седумдесети години на минатиот век, ги финансираше студентите црнци додека беа под апартхејд во Јужна Африка.
Овој пат медиумите поддржани од Сорос и неговите групи отворено општество, спречија наводен коруптивен договор за Нуклерана централа со Русија.
Од Унгарија до неговиот САД, силите на национализмот и популизмот се борат со неговиот либерално-демократски поредок на кој тој самиот е голем поддржувач.
Човекот што е опишан како единствен индивидуалец со надворешна политика, мора да се брани од моќниците низ светот кој пробуваат да го делегитимизираат.
Изборот на Financial Times за човек на годината, вообичаено е рефлесија на нивните постигнувања. Во случајот со Сорос, како и вредностите кои ги застапуваат.
Тој е стандарден носител на либералната демократија и отвореното општество. Тоа се идеи кои триумфираа во Студената војна. И тие денеска се под опсада од сите страни, од Владимир Путин во Русија до Доналд Трамп во САД.
Повеќе од три декади, Сорос, ја користи филантропијата за борба против авторитаризмот, расизмот и нетолеранцијата.
Со неговата посветеност за отвореност, слобода на медиумите и човековите права, тој го привлече гневот на авторитарните режими, и на зголеминиот бран на популисти особено во Европа.
– Ме обвинуваат за се и сешто, вклучувајќки го и тоа дека сум антихрист, се потсмева Сорос.
– Посакувам да немав толку непријатели, но тоа го земам како индикатор дека чим така стојат работите значи дека правам нешто што е исправно, ќе изјави за Financial Times, Сорос.