Свет 22. октомври 2019. / 19:40

Џонсон се закани со општи избори и повлекување на законот за Брегзит доколку британските оратеници не отворат расправа

Џонсон се закани со општи избори и повлекување на законот за Брегзит доколку британските оратеници не отворат расправа

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе го повлече законот за Брегзит и ќе свика општи избори, доколку пратениците во парламентот се откажат од планираниот распоред за расправа, во рамки на која законот треба да биде изгласан.

Ова за Би-Би-Си го изјави извор од британската Влада, наведувајќи дека владата не сака да губи време со парламентот.

Законот за Брегзит беше објавен вчеравечер и во британскиот Парламент во тек е расправа по него.

Би-Би-Си наведува дека гласањето за законот треба да почне околу 19 часот по локално време.