Британскиот премиер Борис Џонсон во средата ги опиша „срамни“ настаните што се случија за време на протестите во главниот град на Соединетите држави Вашингтон, во кои беа вклучени демонстранти кои влегоа во зградата на Конгресот.
-Соединетите држави се залагаат за демократија низ целиот свет и сега е од витално значење да има мирен и уреден трансфер на моќта, рече Џонсон.
Настаните се појавија откако американскиот потпретседател Мајк Пенс го одби барањето на претседателот Доналд Трамп да ја поништи победата на Џо Бајден на изборите во 2020 година.