Свет 17. декември 2019. / 15:37

Борис Џонсон сака со закон да забрани продолжување на преодниот период со ЕУ

Борис Џонсон сака со закон да забрани продолжување на преодниот период со ЕУ

Британскиот премиер Борис Џонсон сака со закон да забрани какво било продолжување на преодниот период по официјалното излегување на Велика Британија од Европската унија на 31 јануари.

– Минатата недела народот гласаше за влада што ќе го оствари Брегзит и ќе и овозможи на земјата да оди напред. И тоа е токму она што имаме намера да го направиме оваа недела – информира извор од Даунинг стрит 10.

Изворот додава дека нивната програма јасно укажала дека нема да се продолжи преодниот период и новиот закон за спроведување на договорот за излез од ЕУ со закон ќе и забрани на Владата да прифати какво било продолжување што би дошло по 2020 година.