Свет 09. април 2020. / 22:38

Џонсон повеќе не е на интензивна нега, но сè уште е во болница

Џонсон повеќе не е на интензивна нега, но сè уште е во болница

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кој боледува од Ковид-19, во четвртокот беше преместен од интензивна нега, соопшти Даунинг стрит.

Сепак, како што истакна портпаролот на Џонсон, премиерот останува во болницата „Свети Томас“, каде што внимателно се следи неговата состојба во текот на раната фаза од опоравувањето.

Премиерот беше дијагностициран со корона вирус на 27 март и беше пренесен на интензивна нега, претходно оваа недела, откако неговата состојба се „влоши“.