Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон побара од лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин да го разјасни својот став за излегувањето од Европската Унија, на нешто повеќе од еден месец од вонредните парламентарни избори кои треба да ја изнесат земјата од блокадата околу брегзитот.
–Гласачите кои ќе гласаат за следен премиер заслужуваат да знаат што секој потенцијален кандидат сака да направи со Брегзитот – наведе Џонсон во писмото упатено до Корбин.
Британскиот премиер додаде дека Корбин со месеци одбива да се изјасни за договорот со ЕУ за брегзитот.
–Време е да се разјасни и да се објасни вашиот проект – истакна Џонсон.
Лабуристичката партија, главната опозициска формација во Британија, вети дека ќе го реши прашањето на брегзитот пест месеци по изборите, доколку победи на гласањето.
Лабуристите сакаат да преговараат со ЕУ за нов договор за Брегзитот кој би вклучувал царинска унија со ЕУ. Подоцна би организирале референдум за тој договор.
–Вашиот сегашен став изгледа како да сака да се вратите на почетокот – порача Џонсон.
Џонсон смета дека договорот кој тој го склучи со Брисел е „единствениот начин на спроведување на брегзитот“