Свет 06. мај 2020. / 14:36

Џонсон: Одредени олеснувања на мерките можни од идната недела

Џонсон: Одредени олеснувања на мерките можни од идната недела

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави денеска дека би сакал некои мерки за олеснување на блокирањето да започнат веќе од следната недела од понеделник. Тој истакна дека објавата за тоа ќе биде во недела за да може да се имаат последните информации пред да се донесе конечната одлука.

Џонсон рече дека има намера да ги следи најдобрите научни совети за олеснување на заклучувањето и дека сака „најширока можна поддршка за она што го најавува“. Тој додаде дека владата апсолутно нема намера да се врати на зборот „штедење“.

-Колку побрзо можеме да го потиснеме вирусот, толку побрзо можеме да ја рестартираме економијата и да обезбедиме заедниците да ја добијат помошта што им е потребна, рече тој.