Свет 05. јануари 2021. / 21:29

Џонсон: Нови мерки за влез во Велика Британија

Џонсон: Нови мерки за влез во Велика Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денес дека неговата влада наскоро ќе побара тестови за Ковид-19 за патници кои доаѓаат од прекуокеанските земји, со цел да се запре ширењето на вирусот.

-Ќе воведеме мерки за да се осигуриме дека луѓето кои доаѓаат во оваа земја ќе бидат тестирани и со тоа ќе се спречи повторниот увоз на вирусот, рече Џонсон на прес-конференција.

Таквиот потег би значел следење на политиките на многу други земји.