Свет 08. декември 2020. / 14:27

Џонсон: Можеби ќе мора да признаеме дека не е можен договор за Брегзит

Џонсон: Можеби ќе мора да признаеме дека не е можен договор за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека можеби ќе дојде момент кога Лондон би морал да признае дека договор за Брегзит не е можен.

Тој нагласил дека можеби ќе дојде момент кога Лондон би морал да признае дека е време да се склучи „договор без договор“ за Брегзит и да се прекинат понатамошните преговори.

На прашањето, дали би пробал се за преговорите да успеат Џонсон рекол: “Да, секако. Секогаш се надеваме, но знаете дека може да дојде момент кога ќе мораме да признаеме дека тоа е крајот“.

Претседателката на Европската комизија Урсула Фон Дер Лајен и премиерот на Велика Британија Борис Џонсон вчера преку телефон разговарале и заклучиле дека нема услови за финализација на договорот за Брегзит.

Договорот за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија ќе биде тема на состанокот на лидерите на ЕУ 27 кои во Брисел доаѓаат на 10-ти и 11-ти декември на завршниот годишен самит.