Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека олеснувањето на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот ќе се одвива со „детски чекори“.
Премиерот Џонсон предупреди дека мерките може да се вратат во сила веднаш доколку стапката на заразени повторно се зголеми, пренесува британскиот весник „Индипендент“.
Во Велика Британија се заразени 223.060 лица, а починаа 32.065, најголем број во Европа.