Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека неговата земја ќе постигне трговски договор со Европската унија пред крајот на следната година.
– Во голем интерес на ЕУ е да направат договор со нас и не се сомневам дека ќе го направат тоа. И ако ме прашате дали можам апсолутно да гарантирам дека ќе има договор, мислам дека можам – порача Џонсон во текот на посета на една фабрика во централна Англија.
Џонсон уште еднаш повтори дека е одлучен да ја извади Велика Британија од ЕУ до крајот на јанаури.
Британскиот премиер истакна и дека нема да го продолжува преодниот период што требало да се заврши во декември 2020 година и покрај тоа што критичарите тврдат дека не останува доволно време за постигнување нов трговски договор.