Ким Џонг ун успеа да направи и неколку шеги. Рече дека не сака севернокорејските ракети да му го нарушуваат мирниот сон на Мун Џае ин а потоа на своите домаќини за ручек им донесе севернокорејски тестенини. Како куриозитет движењето на неговиот блини
Историска средба на најопасната граница во светот. Лидерите на Северна и Јужна Кореја си пружија рака отворајќи ново поглавје на мир толеранција, по повеќе децении на постојани закани и ѕвецкање со нуклеарно оружје. Ким Џонг ун ја помина демилитаризираната зона станувајжи првиот севернокорејски лидер кој воопшто стапнал на тлото на Јужна Кореја, а потоа, на изненадување на сите, го покани јужнокорејскиот претседател Мун Џае ин да го направи истото и на кратко да премине во Северна Кореја. Заедно влегоа во Куќата на мирот на првиот заеднички Самит на двете Кореи. Се очекува тој да придонесе за конечно потпишување на мировен договор бидејќи овие земји се во техничка војна речиси 70 години, а веќе е потпишана декларација за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуoстров.
-Се надевам дека договорите што ќе ги постигнеме нема да бидат поништени како претходните. Одлучно да чекориме кон иднината рака под рака – рече севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун.
-Во мислите имаме големи резултати и сакаме да постигнеме договоро со кој на нашите граѓани и на целиот свет кој очекува мир ќе им дадеме голем подарок – рече јужнокорејскиот претседател Мун Џае ин.
Ким Џонг ун успеа да направи и неколку шеги. Рече дека не сака севернокорејските ракети да му го нарушуваат мирниот сон на Мун Џае ин а потоа на своите домаќини за ручек им донесе севернокорејски тестенини. Како куриозитет движењето на неговиот блинидиран автомобил го следеа 12 телохранители кои трчаа пред и околу него.
Сепак историскиот момент не помина без проблеми. Стотици Јужнокорејски конзервативци излегоа на протести при што запалија севернокорејско знаме и фотографии на Ким Џонг ун додека извикуваа слогани за оставка на „предавникот“ Мун Џае ин.
Средбата на двајцата претседатели е светска вест број еден а реакции пристигнуваат од сите страни. Официјален Вашингтон го пофали Самитот но и предупреди дека без директно американско учество не е можно конечно мировно решение бидејќи во војната во педесетите години на минатиот век учествуваа САД, Кина и други земји, а Јужна Кореја воопшто и не е потписник на договорот за прекин на огнот.
Инаку секорејскиот Самит е вовед во уште поспектакуларен момент кој се очекува во блиска иднина, а тоа е директната средба меѓу севернокорејскиот диктатор Ун и американскиот претседател Доналд Трамп. Се уште е неизвесно кога и каде тоа ќе се случи, но американските тајни служби педантно го проучуваат профилот на Ун за да се избегне каква било можност за непријатнот или инциденти.