Свет 08. април 2020. / 15:12

Џенерал Моротс договори испорака на 30 илјади респиратори вредни 490 милиони долари

Џенерал Моротс договори испорака на 30 илјади респиратори вредни 490 милиони долари

Џенерал моторс ќе мора да произведе 30 илјади респиратори за Стратегиската национална берза до август. Ова стои во договорот вреден 489,4 милиони американски долари, кој денеска го откри Министерството за здравство на САД, пишува Уса тудеј.

Коментирајќи го договорот, од Џенерал моторс изјавија дека компанијата „останува посветена на соработката со администрацијата за да се обезбеди американската иновација и производство, а и да се задоволат потребите на земјата во време на глобална пандемија“.

Договорот за производство на респиратори со американската компанија Џенерал Моторс, минатиот месец, го објави претседателот Доналд Трамп.