Свет 21. април 2020. / 12:43

Двојни бројки-Бројот на починати од корона вирусот во Велика Британија 40% поголем

Двојни бројки-Бројот на починати од корона вирусот во Велика Британија 40% поголем

Бројот на починати од корона вирусот во Велика Британија само до 10 април е за 40% поголем, отколку што покажуваат секојдневните објавени податоци на Владата. Ова го покажуваат податоците на Националниот статистички институ, што ги пренесуваат Ројтерс и Гардијан.

Во бројот на починати според Институтот, се вклучени и смртните случаи надвор од болниците, додека тие не влегуваат во секојдневните податоци за бројот на починати и заразени од Ковид-19, што ги објавува Владата.

Регистрираните смртни случаи само во Англија и Велс (каде живеат повеќето Британци) до оваа дата се 13.121 и во нивните умреници се споменува Ковид-19. Ако, според Владата, бројот на починати во болниците до 10 април изнесува 9.288 лица, тогаш разликата е сериоѕна и изнесува околу 40%.

Вчерашните податоцви од болниците велат дека во здравствените институции на Обединетото кралство починале најмалку 16.509 лица. Иако разликата во податоците на Институтот и на Владата секоја недела се намалува, потврдата на забележаната тенденција, заклучно со денешната дата би значело дека бројот на починати од Ковид-19 би можел да е повеќе од 23.000 лица, а тоа би ја ставило Велика Британија како втора најпогодена држава во Европа по Италија.

Британската статистика уште покажа дека над 16% од смртните случаи како последица од корона вирусот се регистрирани надвор од болниците. Овој податок е значително поголем од тој на Владата, според која надвор од болниците починале околу 10% од случаите.

Ник Страјп од Институтот за Би-Би-Си изјави дека во старечките домови бројот на починати „поради секакви причини“ во споредба со две недели претходно е двојно поголем. Според него, во умрениците кај овие случаи, околу 17% е забележано дека причината за смртта е Ковод-19.

Старечките домови се меѓу најпогодените средини од корона вирусот во цела Европа и во Северна Америка, но првичните податоци на Владата и на Институтот се разликуваа само со десетици жртви.