Сезонските поплави во Венеција земаа две жртви, соопштија италијанските медиуми. Едната од нив настрадала од струен удар во својот дом во куќата, што била поплавена.
Во градот не работат телефоните, а градоначалникот Лујџи Брунаро побара да биде прогласена воредна ситуација. Жителите на Венеција и многубројните туристи се повикани да не излегуваат низ улиците на градот.
Метеоролизите за денеска предвидуваат зголемување на нивото на водата до 160 сантиметри, а синиќа, по обилните дождови, тоа достигна до 187 сантиметри. Под вода е и плоштадот „Сан Марко“ каде водата достигна 1 метар.