Свет 16. август 2019. / 12:30

Две палестински деца со нож нападнаа израелски полицаец во Ерусалим

Две палестински деца со нож нападнаа израелски полицаец во Ерусалим

Двајца малолетни Палестинци во четвртокот со нож нападнаа израелски полицаец во Ерусалим, при што еден од напаѓачите веднаш бил убиен, соопштија од израелската полиција.

На видео снимката која е објавена на израелската национална телевизија, а потоа се прошири и на социјалните мрежи, може да се види како напаѓачите му приоѓаат на полицаецот кај ѕидините од капијата на Стариот град, извлекуваат ножеви и го напаѓаат.

Полицијата потоа отвори оган, а како што потврдија од министерството за внатрешни работи на Израел, двајцата напаѓачи биле малолетни. Портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд откри дека вториот напаѓач бил пренесен во болница, а повредите кои што ги добил полицаецот биле од умерен интензитет.

Од палестинското Министерство за здравство потврдија дека ден од палестинските напаѓачи бил убиен.