Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел во француските Алпи.
Од трокатницата биле евакуирани 60 вработени и неколку странци, а откако бил изгаснат пожарот, биле пронајдени две изгорени тела. Нема детаљи за идентитетот на жртвите.
Причината за пожарот се уште не е позната.