Двајца од тројцата Кинези во Франција на кои им е дијагностициран корона вирус, пристигнале во Париз без симптоми на болеста, соопштија лекарите во болницата каде се сместени.
Двајцата пациенти во Париз се двојка, која пристигнале во Париз на 18 јануари, но до 19, односно 23 јануари немале никакви симптоми, соопштија официјалните лица.
Третиот пациент дијагностициран со оваа болест, е 48-годишен Кинез од Бордо, кој работи во француската винска индустрија, а пристигнал со авион од Вухан во Холандија, од каде потоа дошол во Франција, соопшти здравствената служба на Бордо.
Француската министерка за здравство Ањес Бузин изјави дека тој пристигнал во Франција на 22 јануари, отишол на лекар на 23 јануари, а вирусот му бил дијагностициран на 24 јануари.
Француското Министерство за здравство соопшти дека неколку лица се хоспитализирани заради набљудување.
Поради овие случаи, дел од медиумите го поставија прашање дали проверката на патници, што се спроведува на аеродромите, е воопшто потребна со оглед на тоа дека заразените развиле симптоми дури по пристигнувањето во земјата.