Несреќата во рудникот Јастржебје, близу до границата со Чешка, се случи денеска околу пладне, кога, според раководството на рудникот, дошло до силен земјотрес. Четворица рудари веднаш успеаел да го напуштат окното, а седуммина останале блокирани. Рударите се наоѓале на длабочина од 900 метри кога се случил потресот. Спасувачките екипи се обидуваат да се пробијат до рударите преку нов тунел.