Индиската полиција уапси 16 лица, после смртта на двајца мажи, кои станаа нови жртви на пораки од апликацијата ВацАп (WhatsApp).
Веќе некое време во Индија на оваа апликација кружат пораки за киднапирање на деца, поради што минатиот месец убиени се седум луѓе.
Последните жртви на гласини за киднапирање деца, станаа двајца мажи. Тие застанале во едно место во Индија да прашаат за правец во североисточната држава Асам и тогаш мештаните ги претепале до смрт, мислејќи дека се киднаперите од ВацАп.
На снимката која кружи на апликацијата се гледа како двајца мажи кои поминуваат со мотор низ деца, земаат едно од нив и го носат во непознат правец. Снимката не е реална и не е снимена во Индија, туку е направена во Пакистан за да се подигне свеста за безбедност на децата.
Студенти и активисти излегле на улиците и барааат да се престане со убивање на луѓе.