Свет 05. септември 2019. / 19:40

Двајца Германци сексуално злоставувале над 40 деца

Двајца Германци сексуално злоставувале над 40 деца

Германскиот суд денеска осуди двајца мажи на затворска казна во најстрашниот случај на сексуално злоставување деца во историјата на земјата.

Двајцата се осудени за сексуалн злоставување девојчиња и момчиња на возраст од 3 до 14 години и за правење над 450 примероци детска порнографија. Мажите кои судот ги именува како Андреас В. на 56 годишна возраст и Марио С. на 34 години , добија затворски казни од 13 и од 12 години.

По издржувањето на затворската казна и двајцата ќе престојуваат во превентивен притвор на неопределено.

Двајцата , заедно со трето осомничениот Хајке В. меѓу 1998 и 2018 во камп во шумата Лугде во Германија , сексуално злоставувале над 40 деца. Андреас постојано живеел во кампот , а меѓу жртвите била и неговата посвоена шестгодишна ќерка , која според обвинението , му служела како мамка за привлекување други деца.

Со снимките од децата , тие трггувале на ,,Дарквеб” . Властите велат дека од групата заплениле десет компјутери, девет мобилни телефони, повеќе од 40 хард дискови и околу 400 други уреди за складирање на податоци како доказ за злоупотребата.

Целиот овој случај ја шокира нацијата, особено кога се дозна дека полицијата „изгубила“ некои докази и дека и покрај претходните наводи за сексуален напад, на Андреас В. му било дозволено да остане старател на шестгодишното девојче во 2016 година. Во моментов се води истрага за тоа како и кој му дозволил да му биде одобрено такво нешто.