Свет 11. јануари 2020. / 19:15

Двајца американски војници загинале во експлозија на подметната бомба во Авганистан

Двајца американски војници загинале во експлозија на подметната бомба во Авганистан

Двајца американски војници загинале, а двајца се повредени во експлозија на бомба што ја нагазило нивното возило на пат во јужен Авганистан, соопшти денеска американската армија.

Талибанците веднаш ја презедоа одговорноста за нападот. Нивниот портпарол Кари Јусуф Ахмади изјави дека нападот се случил во јужната провинција Кандахар.

НАТО и авганистанските власти претходно потврдија дека бомба крај патот уништила американско воено возило, но не објавија дали во нападот има загинати.

Авганистански претставники изјави дека нападот се случлил во округот Данд, во провинцијата Кандахар.

Повеќе од 2.400 американски војници се загинати во Авганистан. Минатата година беше меѓу годините со најмногу настрадани и тоа во време кога САД водеа мировни преговори со талибанските бунтовници.

Талибанците во моментов држат под контгрола околу половина  од територијата на Авганистан. Тие и натаму речиси секојдевно спроведуваат напади врз авганистанските и американските сили иако паралелно водат мировни преговори со САД во Доха.