Свет 02. декември 2019. / 10:41

Дваесетина загинати во нови судири меѓу полицијата и нарко-картелите во Мексико

Дваесетина загинати во нови судири меѓу полицијата и нарко-картелите во Мексико

Безбедносните сили на Мексико убиле седум членови на нарко картел, чии припадници претходно со конвој камиони упаднаа во градот Вила Унион, во близина на границата со Тексас и го нападнаа градското собрание.

Властите соопштија дека бројот на убиени е зголемен на 21.

Безбедносните сили, потпомогнати со хеликоптери и натаму трагаат за преостанатите членови на картелот кои го извршија нападот во Вила Унион.

Гувернерот на државата Коахиља, Мигел Ангел Рикелме, соопшти дека до вчера попладне се убиени 14 луѓе, меѓу кои и четворица полицајци.

Според него, неколку работници од општината се водат за исчезнати.

Вооружената група упаднала во градот со 3.000 жители, напаѓајќи ги локалните владини канцеларии поради што реагираа федералните служби.