Свет 31. јануари 2020. / 11:39

Два случаи на корона вирус потврдени во Велика Британија

Два случаи на корона вирус потврдени во Велика Британија

Британската Национална здравствена служба соопшти дека е потврдено дека две лица во Велика Британија се заразени со коронавирус.

Заболените се членови на исто семејство и се pод медицински надзор, јави Би Би Си.

Државната агенција за јавно здравство на Англија не изнесе дополнителни информации за идентитетот на заразените, ниту за болницата каде се сместени.