Свет 18. јануари 2019. / 10:17

Два руски воени бомбардери Сухои се судрија

Два руски воени бомбардери Сухои се судрија

Два руски воени бомбардери Сухои се судрија за време на лет над рускиот Далечен Исток,  соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Авиони Су-34 летале без вооружување, а се судрија над Јапонско Море.

Руското Министерство за одбрана соопшти дела екипажот од двата авиони се катапултирале, но се трага по нив.

– Авион Антонов 12 и два хеликоптера Ми-8 трагаат по екипажите на авионите, а на терен се и спасувачки екипи, соопшти руското Министерство за одбрана.

Су-34 се воени авиони, тешки 45 тони и можат да носат осум тони оружје. Нивнииот тактички радиус е 4.000 километри. Су-34,  исто така, можат да се опремат со доплнителни три резервоари за гориво при што можат да летаат осум часа непрекинато.