Свет 14. декември 2018. / 19:31

Дрога вредна 100 милиони евра запленета на Крит

Дрога вредна 100 милиони евра запленета на Крит

Дрога, чија вредност при продажба на улица надминува 100 милиони евра, била пронајдена на брод што е запленет во пристаништето Ираклион на Крит, објавија грчките власти.

Според крајбрежната стража, бродот „Нока” под сириско знаме, транспортирал повеќе од шест тони хашиш и над три милиони таблети каптагон, позната и како дрога која ја конзумираат терористите од ИСИС. Дрогата била скриен во контејнери на бродот.

Единаесетчлената екипа, во која имало и Сиријци негирала дека знаел за нелегалниот товар.