Србин на возраст од 25 години извршил самоубиство во Виена и тоа во моментот кога полицијата го уапсила, а откако побегнал поради возење во алкохолизирана состојба, пишуваат српските медиуми.
Според овие информации, полицијата утрово го стопирала Србинот, кој бил кооперативен и дури признал дека е пијан. Меѓутоа набргу потоа се обидел да побегне со автомобилот, по што следувала вистинска потера, слична на оние во холивудските филмови. На крај полицијата успеала да го фати, а при апсењето тој извршил самоубиство.