Лидерот на египетското Муслиманско братство, Мохамед Бадие, и уште неколку водачи на таа забранета група, осудени се на доживотен затвор.
Тие се осудени за поттикнување на убиства и насилства за време на протестите пред пет години, пренесува Ројтерс.
Денешната пресуда е најнова во низата на повеќе судења на членови на Муслиманското братство, од кои некои се и повторени.
Оваа партија беше на власт во Египет пред војската да го собори исламистичкиот претседател Мохамед Морсиј, за време на масовните протести.
Бадие и другите водачи прв пат се осудени на доживотен затвор во 2014 година, но апелациониот суд таа пресуда ја поништи и нареди повторно судење.