Свет 16. јануари 2021. / 19:31

Досега во Велика Британија се вакцинирале 3.6 милиони лица

Досега во Велика Британија се вакцинирале 3.6 милиони лица

Британските медиуми наведуваат дека целта на владата на Џонсон е првата доза на вакцината против ковид-19 до средината на февруари да ја примат 15 милиони лица.

Според владини податоци, со првата доза од вакцината против ковид-19 досега во Велика Британија се вакцинирани 3,6 милиони лица.

Британските медиуми наведуваат дека целта на владата на Џонсон е првата доза на вакцината против ковид-19 до средината на февруари да ја примат 15 милиони лица.

Втората доза, пак, до денеска ја имаат примено 447.261 лица.

Повеќето луѓе биле вакцинирани во Англија, околу три милиони, во Северна Ирска речиси 118.000, во Шкотска околу 224.840 и во Велс 126.375